Лицето што прегази жена во Капиштец и избега упасен во Врање, следува екстрадиција
12/02/2026 0:59
Приведено е лицето осомничено дека ја прегазило и усмртило 75-годишната Љ.Ј. на улицата „Народен фронт“ во скопски Центар. Осомничениот бил лишен од слобода во Врање, Србија, откри адвокатот Звонко Давидовиќ во емисијата „Претрес со Ландов“.
Станува збор за 18-годишно лице кое, според информациите, со возило тешко ја повредило жената, по што избегало од местото на несреќата, оставајќи ја на коловозот. По инцидентот, тој заедно со неговиот татко бил пренесен преку граница од роднини.
Адвокатот Давидовиќ изјави дека лицето ќе биде екстрадирано од Србија во Македонија, а според неговите информации, најверојатно е приведен и таткото.
– Им верувам на моите клиенти дека не знаеле дека превезуваат сторител на толку тешко кривично дело. Станува збор за лице кое работи во Дирекцијата за заштита и спасување и е родител на дете со посебни потреби. Често патувал во Србија за набавка на суплементи – изјави Давидовиќ.
Од надлежните институции се очекуваат официјални информации за текот на постапката и екстрадицијата, како и за евентуалната одговорност на другите инволвирани лица.
МВР распиша меѓународна потерница по 18-годишник осомничен за смртна сообраќајка во Капиштец
Случајот предизвика силни реакции во јавноста, особено поради бегството од местото на несреќата и трагичниот исход.





