MKinformer

your daily dose of news

„Екстремен страв“ на пазарот на крипто валути

18/02/2026 18:01

Вредноста на Биткоинот денеска во 15:15 часот во слободен пад, вредноста изнесуваше 56.824,19 евра на најголемата светска крипто-берза Binance, што претставува пад од 1,32 проценти.

Вкупниот обем на тргување со Биткоини во последните 24 часа достигна 28,06 милијарди евра, што според аналитичарите се оценува како ниско ниво на тргување.

Индексот на страв и алчност за Биткоин се наоѓа на ниво 8, во категоријата „екстремен страв“, што е дополнително влошување во однос на вчерашното ниво од 10. Овој показател укажува на сериозно негативно расположение кај инвеститорите.

Според Coin Desk, падот на вредноста е поврзан со слабите перформанси на технолошките акции, што влијае врз апетитот за ризик и ги поттикнува инвеститорите да се повлекуваат од ризични средства, вклучително и криптовалути.

Пад бележи и Етериумот, кој се тргува по цена од 1.662,27 евра, што е намалување од 1,25 проценти. BNB изгуби 2,14 проценти и се тргува за 516,32 евра.

Солана бележи пад од 3,05 проценти и се продава по 69,75 евра, додека XRP се намали за 2,28 проценти на 7,61 евра. Од друга страна, Тонкионот има благ раст од 0,84 проценти и се тргува по цена од 1,22 евра.

Според податоците од берзите, Биткоинот, Етереумот и Соланата се најтргувани криптовалути денеска.

Аналитичарите предупредуваат дека високата нестабилност на пазарот може да продолжи, особено во услови на глобална економска неизвесност и променливо расположение кај инвеститорите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!