MKinformer

your daily dose of news

Дрво падна врз автомобили во Кисела Вода, блокирана улицата „Вера Јоциќ“

18/02/2026 9:36

Големи зимзелени дрва попладнево паднаа врз неколку паркирани автомобили на улица во скопската населба Кисела Вода, во близина на средното училиште СУГС „Васил Антевски – Дрен“.

Според првичните информации, дрвото го попречува сообраќајот на дел од улицата, а на терен се чувствува мирис на изгорен кабел, иако засега нема појава на активен чад.

За среќа, во моментот на инцидентот немало луѓе во непосредна близина и, според првичните сознанија, нема повредени лица. Причините за падот на дрвјата дополнително ќе се утврдуваат.

За настанот се известени полицијата и службите на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје. Од Министерство за внатрешни работи најавено е дека ќе извршат увид на местото на настанот, додека екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ треба да го отстранат паднатото дрво од коловозот и да овозможат нормализирање на сообраќајот.

Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни и да ги следат официјалните информации до целосно расчистување на теренот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!