Силен северен ветер и студено утро: Следуваат дожд и снег во петок
18/02/2026 9:08
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој локално ќе достигнува и над 60 километри на час.
Најсилен ветер се очекува во источните делови од земјата и во Пелагонија. Минималната температура ќе се движи од -3 до 5 степени, додека максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Времето во Скопје
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви интервали. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1 степен, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Што следува во наредните денови?
Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, со негативни минимални температури во сите делови од земјата.
Во текот на ноќта кон петок и во петок се очекуваат нови врнежи – во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег.
За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено, со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник се очекува постепен пораст на дневните температури.
Граѓаните се советуваат да бидат внимателни поради засилениот ветер и најавеното заладување.




