Променливо облачно време со сончеви периоди, за викендот можно и локално невреме
21/05/2026 7:21
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, соопштија метеоролозите.
Ќе дува умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен и ќе достигнува брзина над 50 километри на час.
Минималната температура ќе се движи од 6 до 14 степени, додека максималната дневна ќе достигне меѓу 20 и 28 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер, а во одделни делови од котлината тој повремено ќе засилува.
Утринската температура во главниот град ќе се спушти до 10 степени, а дневната ќе достигне до 26 степени.
Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време. Во петок и за време на продолжениот викенд, на повеќе места се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни и можно е невреме со пообилен пороен дожд над 20 литри на метар квадратен, грмежи и силен ветер со брзина над 60 километри на час.





