MKinformer

your daily dose of news

Како едно „обично“ отворање на врата предизвика тешка сообраќајна несреќа

20/02/2026 11:56

Во сообраќајна незгода што се случила вчера околу 16:30 часот во Скопје, тешко е повреден мотоциклист, информираат од СВР Скопје.

Според пријавата, на еден од булеварите во градот се судриле патничко возило „пежо“, патничко возило „бмв“ и мотоцикл „сузуки“, управуван од А.К.

До незгодата дошло кога совозачот од „пежо“, Д.О., ја отворил предната десна врата, при што мотоциклистот паднал на коловозот и потоа удрил во патничкото возило „бмв“.

Од ударот, А.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а се преземаат мерки за целосно утврдување на причините за сообраќајната незгода.

error: Содржината е заштитена од копирање !!