Забрани за камиони и автобуси поради снег
20/02/2026 9:26
Поради врнежи од снег, од утринските часови се воведени забрани за сообраќај на повеќе патни правци, информираат од ЈП Македонија пат.
Од 06:50 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар.
Во исто време, од 06:50 часот, поради снежни врнежи, забрана за тешки товарни возила е воведена и на делницата Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража.
Дополнително, од 07:40 часот е воведена забрана за камиони и автобуси на патниот правец Тетово-Попова Шапка. За останатите видови возила на оваа делница задолжителна е употреба на зимска опрема.
Од надлежните апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.




