MKinformer

your daily dose of news

Укинати забраните за камиони кон Маврово и Стража, нова забрана кон Попова Шапка

01/02/2026 19:08

Од 16:05 часот денеска е укината забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар, соопшти Авто-мото сојуз на Македонија. Забраната беше воведена утрово во 5:45 часот поради врнежи од снег и отежнати услови за сообраќај.

Претходно, како што информира ЈП Македонијапат, од 14:30 часот беше укината и забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево.

Истовремено, поради интензивни врнежи од снег, од 09:20 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец крак Шипковица – Попова Шапка.

Од ЈП „Македонијапат“ информираат дека врнежи од снег и понатаму се евидентираат во Крушево, на Попова Шапка, во Маврово, како и на планинските превои Стража, Пресека, Буково и Ѓавато.

Надлежните апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот и да ги почитуваат сите сообраќајни ограничувања.

Забрана за камиони на патот Маврово – Дебар

error: Содржината е заштитена од копирање !!