16 годишник без возачка се обидел да прегази полицајци
22/02/2026 14:01
16 годишник од тетовското село Слатино бил лишен од слобода на 21 февруари 2026 година во 23:00 часот, на локалниот пат кон село Сетоље, информира полицијата.
Полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово при сообраќајна контрола утврдиле дека малолетникот управувал патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски таблички без да поседува возачка дозвола.
Претходно, во село Непроштено, при обид за контрола од страна на полициски службеници од ПО Теарце, малолетникот со голема брзина удрил во електричен ормар на ЕВН и се обидел да ги прегази полицајците, по што продолжил со движење.
По неговото приведување, лицето е задржано во полициска станица заедно со возилото. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот согласно член 297-а и член 288 од Кривичниот законик.
По комплетирање на документацијата ќе биде изготвен соодветен поднесок.



![Тетовец се обидел да прегази полицајци, па се дал во бегство, полицијата пykала во воздух policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)

