Дојави за бомби во повеќе училишта во Тетово – учениците евакуирани
24/02/2026 11:50
Утрово во повеќе основни и средни училишта во Тетово пристигнале дојави за поставени бомби, по што веднаш биле активирани безбедносните протоколи.
Според првичните информации, учениците и вработените биле евакуирани од објектите со цел да се извршат детални проверки и да се гарантира нивната безбедност.
Полицијата на терен
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека полициски екипи се на терен и вршат проверки во училиштата, како и утврдување на околностите поврзани со дојавите.
Засега нема официјални информации за пронајдени сомнителни предмети, а повеќе детали се очекуваат по завршувањето на увидот.
Надлежните апелираат на смиреност и следење на официјалните информации.




