MKinformer

your daily dose of news

80 години од „Македонска граматика“ на Круме Кепески: Свечен час на Филолошкиот факултет

26/02/2026 11:14

На Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје денеска ќе се одржи свечен час по повод 80 години од излегувањето на „Македонска граматика“ од Круме Кепески – дело што има историско значење за стандардизацијата на македонскиот јазик.

На настанот ќе се обратат деканот на Филолошкиот факултет, проф. д-р Владимир Мартиновски, како и раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Искра Пановска – Димкова.

Пригодни обраќања ќе имаат и проф. д-р Димитар Пандев и проф. д-р Јованка Кепеска, кои ќе се осврнат на значењето на граматиката во развојот на македонската лингвистика и нејзината улога во кодификацијата на современиот македонски јазик.

Објавена во 1946 година, „Македонска граматика“ на Кепески претставува едно од првите систематски дела што ја утврдуваат јазичната норма, поставувајќи темели за понатамошниот развој на македонската филолошка наука.

Јубилејот е можност за академската заедница да се потсети на значајниот придонес на Круме Кепески во оформувањето на македонскиот литературен јазик и во образовниот систем.

error: Содржината е заштитена од копирање !!