Украина уништила руски танкер во близина на Малта
04/03/2026 12:58
Руското Министерство за транспорт соопшти дека украински поморски дрон нападнал танкер за течен природен гас (LNG) под руско знаме во Средоземното Море, во близина на Малта. Потврдата доаѓа откако претходно се појавија информации дека бродот се запалил во тој регион, објави „Москва тајмс“.
Според руските власти, нападот се случил во вторник во близина на територијалните води на Малта, а целта бил танкерот „Арктик Метагаз“.
Во соопштението се наведува дека бродот превезувал товар од руското пристаниште Мурманск и дека целата документација и транспортот биле во согласност со меѓународните прописи.
Москва: Станува збор за терористички акт
Од Министерството за транспорт тврдат дека украинскиот поморски дрон кој го нападнал танкерот бил лансиран од брегот на Либија.
Руските власти го осудија инцидентот, оценувајќи го како „чин на меѓународен тероризам и пиратство“.
Засега нема дополнителни информации за евентуални жртви или за степенот на оштетување на бродот. Надлежните служби продолжуваат со истрагата за околностите на нападот.





![Kлимaтoлoзитe co стpaшнa пpoгнoзa: Kлимaтa нa Балканoт ќe бидe yштe пoлoшa toplo-vremeeeee-650x396[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/toplo-vremeeeee-650x3961-1.jpg)
