MKinformer

your daily dose of news

Група малолетници нападнала три лица во скопски Аеродром

16/03/2026 9:41

Група малолетници ноќеска нападнала три лица на подрачјето на скопската населба Аеродром, информираа од полицијата.

Според пријавата, инцидентот се случил на 15 март 2026 година околу 00:45 часот. Нападнати биле М.Б. (22) од Битола, Б.Ќ. (23) од Струмица и Б.С. (20) од Скопје.

Од МВР велат дека трите лица биле физички нападнати од група малолетници. Притоа, напаѓачите ги гаѓале и со јајца.

Случајот е пријавен во СВР Скопје, а полицијата соопшти дека се преземаат мерки за негово расчистување.

error: Содржината е заштитена од копирање !!