Стан во Скопје продаден за 3780 евра по квадрат, има ли логика?
16/03/2026 13:35
Во услови кога дел од становите се продаваат и за повеќе од 1.800, 2.000, стан во Скопје продаден за 3780 евра по квадрат метар, сè погласно се поставува дилемата дали овие инвестиции навистина се исплатливи. Особено ако се знае дека, според проценките, меѓу 7.000 и 8.000 станови во Скопје стојат празни.
Пазарот на недвижности во Скопје сè повеќе отвора едно клучно прашање: има ли логика во цените по кои се купуваат становите?
Киријата тешко ја оправдува високата цена
Економската логика вели дека стан купен по превисока цена тешко може да се исплати само преку кирија.
Ако станот е купен за повеќе од 1.800 евра за квадрат, приходот од изнајмување тешко може да го оправда вложувањето. Тоа значи дека купувачот често останува во загуба ако очекува дел од трошокот да го врати преку месечна кирија.
Токму затоа, многумина сметаат дека во вакви услови понекогаш е поисплатливо да се живее под кирија, отколку да се купува прескап стан.
Цените на становите рушат рекорди: Над 3000 евра за квадрат во Центар, Аеродеом рекордер во продажба
Скопје стигна до цени како Солун
Цените на становите во Скопје веќе се споредуваат со Солун, а во одредени случаи се и повисоки.
Разликата е што Солун е поголем пазар, со туризам, бизнис и повисоки кирии. Таму вложувањето полесно може да се оправда. Во Скопје, пак, таа сметка е многу потешка.
Затоа, растот на цените во главниот град сè повеќе изгледа како пазар што не се води само од реалната побарувачка за живеење, туку и од други мотиви.
Продадени речиси 8.000 станови за една година
Податоците од Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека лани во Македонија биле купени речиси 8.000 станови.
Вкупната вредност на овие купопродажби изнесувала 545 милиони евра. Во исто време, вредноста на купените куќи достигнала 214 милиони евра.
Најатрактивни за купување станови биле скопските општини Аеродром, Центар, Карпош и Кисела Вода.
Во Центар биле купени 756 стана за вкупно 92 милиони евра. Во Аеродром, пак, биле продадени 978 станови за вкупно 80 милиони евра.
Рекордни цени за квадрат и за гаража
Најскапиот стан според цената за квадратен метар бил продаден во Центар.
За стан од 44 квадрати, новиот сопственик платил 166.500 евра. Тоа значи дека квадратот достигнал цена од 3.784 евра.
Високи цени има и кај гаражите. Најскапата гаража лани била продадена во Аеродром, каде за 24 квадрати биле платени 30.150 евра, односно 1.250 евра за квадрат.
Пазар што отвора повеќе прашања отколку одговори
Фактот што илјадници станови стојат празни, стан во Скопје продаден за 3780 евра по квадрат,а цените и натаму растат, покажува дека пазарот на недвижности во Скопје сè повеќе се оддалечува од класичната логика на купување за живеење или за издавање.
Токму затоа, прашањето не е само колку чинат становите, туку и кој ги купува, зошто ги купува и колку овој тренд може да трае.



