(Видео)Водно се уништува, нова дивоградба под манастирот „Свети Пантелејмон“ во Горно Нерези
21/03/2026 12:08
До редакцијата на МК Информер пристигнаа фотографии и видео материјали од читатели кои сакаат да останат анонимни, а на кои јасно се гледаат градежни активности на дивоградби во близина на манастирот „Свети Пантелејмон“ во Горно Нерези.
Според испратените материјали, на терен се одвиваат градежни активности во подрачје кое е дел од заштитената зона на шумата Водно. На фотографиите и видеото, јасно се забележува градежна механизација која врши изградба на два различни објекти во оваа заштитен област.
Овој случај повторно ја отвора темата за појавата на дивоградби на територијата на Општина Карпош, за кои дел од јавноста реагира дека се во пораст во периодот после локалните избори.
Дополнително, во јавноста претходно беа изнесени реакции и за изградба на џамија во Нерези чија градба беше стопирана, а по локалните избори изникна минаре високо околу 13 метри, за која, според тврдењата, сè уште нема официјално појаснување од општинските власти.
За да биде уште позагрижувачки, новиот градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски наводно живее во Карпош 4. Трите дивоградби, објектите под манастирот „Свети Пантелејмон“ и 13 метарското минаре на џамијата се видливи со голо око од местото каде што живее.
Засега нема официјална потврда од надлежните институции за конкретните случаи со наводните дивоградби под „Св. Пантелејмон“. Се очекува институциите да излезат со став и да утврдат за какви градежни активности станува збор. Според законот, во парк шумата Водно изрично е забренета градба на било каков објект, а ова претставува нелегална градба.
Редакцијата на МК Информер ќе продолжи да го следи случајот.







One thought on “(Видео)Водно се уништува, нова дивоградба под манастирот „Свети Пантелејмон“ во Горно Нерези”
Comments are closed.