MKinformer

your daily dose of news

(Видео)Жесток и масовен руски напад врз Киев: 21 загинато лице до сега, има стотици повредени

24/05/2026 9:27

Русија во текот на ноќта изврши жесток воздушен напад врз Киев, при што беа погодени повеќе делови од украинската престолнина. Според информации од украинските медиуми  бројот на жртви се искачи на 21 лице.

Украинските власти соопштуваат дека во нападот има и стотици повредени, додека штета е пријавена на станбени згради, деловни објекти и друга инфраструктура.

Според украински и медиумски извештаи, нападот бил изведен со голем број ракети и беспилотни летала, а Киев бил главната цел. Воздушната тревога траела со часови, а експлозии биле регистрирани во повеќе делови од градот.

Градоначалникот Виталиј Кличко информираше дека последици од нападот има во повеќе градски општини. Меѓу оштетените објекти се наведуваат станбени згради, магацини, деловни простории и возила.

Во дел од извештаите се споменува и предупредување за можна употреба на балистичка ракета од типот „Орешник“, но засега нема официјална потврда дека такво оружје навистина било употребено во нападот.

Покрај Киев, воздушни напади и експлозии се пријавени и во други делови на Украина. Поради влошената безбедносна состојба, Полска соопшти дека подигнала борбени авиони за заштита на својот воздушен простор.

Нападот доаѓа во период на ново заострување на состојбата на фронтот и дополнително ја зголемува загриженоста поради можноста за уште посилна ескалација на војната.

error: Содржината е заштитена од копирање !!