MKinformer

your daily dose of news

Утрово експлозија пред казино во Скопје, обезбедувањето изгаснало оган на паркингот

30/04/2026 14:11

Експлозија пред казино. Вработен како обезбедување во казино на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје рано утрово пријавил дека слушнал експлозија надвор од објектот.

Според информациите, случајот бил пријавен денеска во 04:15 часот во СВР Скопје. Обезбедувањето навело дека околу 04:06 часот слушнало експлозија надвор од казиното.

Кога вработениот излегол надвор, забележал оган на паркингот до казиното. Потоа, со противпожарен апарат успеал да го изгасне огнот.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!