Време: дожд и северен ветер температура до 20 степени
02/05/2026 11:36
Времето денеска во земјава ќе биде нестабилно, со повремени локални врнежи од дожд и умерен ветер од северен правец. Најветровито ќе биде во западните делови, каде ветерот на места ќе надминува 50 километри на час.
Максималната дневна температура ќе се движи од 13 до 20 степени. Во Скопје, по свежото утро, дневната температура ќе достигне до 19 степени, а и во главниот град ќе има услови за повремен дожд.
Според УХМР, претпладне ќе има повеќе сончеви периоди со мала локална облачност. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува, а на повеќе места се очекува променливо и нестабилно време.
За утре е најавено променливо облачно време. Слаби врнежи од дожд се можни главно во југозападните делови од Македонија.





