MKinformer

your daily dose of news

Возач почина зад волан кај Кванташки, успеал да го запре возилото пред да колабира

06/05/2026 11:44
Screenshot

Возач починал денеска на улица во скопската населба Маџари, на патот кон Кванташки пазар, откако претходно успеал да го запре возилото што го управувал.

Според првичните информации, се претпоставува дека причината за смртта е здравствен проблем.

Случајот, според неофицијални информации, бил пријавен од минувачи. Набрзо на местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош.

И покрај интервенцијата на лекарите, животот на мажот не можел да биде спасен. Неофицијално, станува збор за лице на околу 60-годишна возраст.

На местото се очекува увид од полициски екипи. Повеќе детали за причините за смртта ќе бидат познати по завршување на постапката.

Поради возилото што останало на коловозот, сообраќајот во овој дел од градот се одвива забавено.

error: Содржината е заштитена од копирање !!