MKinformer

your daily dose of news

Прободениот ученик во ОУ „22 Ноември“ во Ченто е стабилизиран, но и натаму е во критична состојба

14/05/2026 9:50

Деветтоодделенецот кој завчера беше прободен со нож во основното училиште „22 Ноември“ во Ченто е стабилизиран, но и натаму се наоѓа во критична здравствена состојба.

Од Ургентниот центар информираат дека ученикот е под постојан лекарски надзор. Во неговото лекување се вклучени хирурзи од повеќе оддели, а се преземаат сите неопходни мерки за подобрување на состојбата.

За малолетникот кој го извршил нападот, од Обвинителството соопштија дека постапува јавен обвинител од Одделението за малолетници во Скопје. Постапката се води согласно Законот за правда за децата.

Од Општина Гази Баба велат дека се во постојана комуникација со училиштето. Најавуваат и итна седница со директорите на училиштата и претставници од Министерството за образование.

Целта, како што посочуваат, е да се разгледаат мерки за спречување на идни вакви инциденти во училиштата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!