Соученичката ја тепала, а друга снимала со мобилен телефон – Малолетно девојче нападнато во училишен двор на Бит Пазар
12/05/2026 16:28
Малолетно девојче било физички нападнато во дворот на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, информира МВР.
Според полицискиот билтен, случајот бил пријавен вчера во 13:00 часот во СВР Скопје од страна на М.Д. (52) од Скопје.
Тој пријавил дека на 8 мај 2026 година, околу 12:00 часот, неговата малолетна ќерка била нападната од нејзина соученичка.
Во билтенот се наведува и дека настанот бил снимен со мобилен телефон од друг малолетник.
За случајот биле известени стручните служби во училиштето. По целосно расчистување на настанот ќе следуваат соодветни поднесоци.





![Алармантна низа случаи на насилство врз жени: Повеќе пријави за физички напади, закани и вознемирување во еден ден semejno-nasilstvo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/semejno-nasilstvo1.jpg)