MKinformer

your daily dose of news

Полицијата трага по лицето што чувало волк, го очекува казна и до 20.000 евра

14/05/2026 19:14

По потврдата дека заловеното животно во Козле е волк, полицијата трага по лицето што чувало волк и локацијата каде што било чувано.

Од Министерството за внатрешни работи изјавиле дека СВР Скопје презема мерки за да го утврди идентитетот на лицето кое го чувало животното, како и местото каде што престојувало.

Случајот отвори и прашања за законската одговорност. Според важечките прописи, чувањето диви животни без соодветна дозвола може да донесе високи парични казни. Во одредени случаи, тие достигнуваат и до 20.000 евра.

Во Законот за заштита на природата е наведено дека е забрането чување и одгледување диви животински видови во несоодветни услови и без потребни одобренија.

Таквите дозволи ги издава Министерството за животна средина и просторно планирање. Во постапката е вклучена и Агенцијата за храна и ветеринарство, која проверува дали постојат услови за безбедно и хумано чување на животното.

Од Скопје ЗОО, пак, информираа дека станува збор за млад волк. Според нив, животното е неухрането и тешко околу 25 килограми, што е недоволно за неговата возраст.

Надлежните институции сега работат на целосно расчистување на случајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!