АХВ демантира: Животното од Козле е куче, не волк, сопственикот го бара
13/05/2026 12:21
Деманти на АХВ: Животното од Козле не е волк туку куче, сопственикот го бара
Институцијата не била официјално известена
Откако во јавноста се појавија информации дека во скопската населба Козле било пронајдено животно за кое се тврдеше дека е волк, од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за МК Информер велат дека тие воопшто не биле официјално известени за случајот.
Не е волк, туку чипирано куче
Од АХВ посочуваат дека според првичните информации не станува збор за волк, туку за куче кое е чипирано, а неговиот сопственик веќе го бара назад.
Животното во карантин во Скопје ЗОО
„Животното што синоќа беше пронајдено во скопско Козле и пренесено во карантин во Скопје ЗОО допрва ќе биде предмет на испитувања од страна на АХВ“, велат од институцијата.
Големо внимание на социјалните мрежи
Случајот предизвика големо внимание и бројни реакции на социјалните мрежи, особено поради шпекулациите од Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, дека станува збор за диво животно.
Надлежните институции најавуваат дополнителни проверки и утврдување на сите околности околу случајот.
Волк чуван со ремче и ланец фатен во Скопје, згрижен во Зоолошка





