СДСМ бара оставка од Савески: Мицкоски „нарачува, а Савески испорачува“
14/05/2026 13:13
СДСМ побара оставка од државниот јавен обвинител Ненад Савески. Од партијата тврдат дека обвинителството е под директно политичко влијание на премиерот Христијан Мицкоски.
Во реакцијата, СДСМ обвинува дека премиерот и обвинителот договараат предмети и тек на истраги по телефон. Партијата тврди дека Мицкоски „нарачува, а Савески испорачува“.
Од СДСМ велат дека нема реакција од обвинителството за, како што наведуваат, низа сомнителни тендери и кривични пријави поврзани со власта и фирми блиски до неа. Во соопштението се оценува дека наместо независно обвинителство, државата добива институција под политичка контрола.
Партијата потсетува дека не го поддржала изборот на Савески токму поради сомнежи за независноста на обвинителството. Според нив, најновите случувања само ги потврдуваат тие стравувања.
Во соопштението, СДСМ повторно побара формирање европско обвинителство. Од партијата сметаат дека тоа е единствениот начин да се врати довербата во правосудниот систем.



![Зaпoчнyвa oпepaциjaтa “Cмeнa нa Русковска”, eкc oбвинитeл oд СЈО глaвeн кaндидaт зa нacлeдник vilma-Ruskovska-696x487[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/vilma-Ruskovska-696x4871-1.jpg)


