Автобус се запалил на автопатот Велес-Скопје, патниците за среќа се спасиле до последен
16/05/2026 19:22
Автобус со прилепски регистарски таблички попладнево се запалил на автопатот Велес–Скопје, во близина на наплатната станица Отовица.
За среќа, сите патници навреме успеале да излезат од возилото и во инцидентот нема повредени.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по пријавата на местото биле испратени екипи од Територијалната противпожарна единица, како и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес.
Засега не се соопштуваат повеќе детали за причините за пожарот, а надлежните служби работат на расчистување на случајот.





