MKinformer

your daily dose of news

Утре понесете си чадор – променливо време, следуваат дожд, грмежи и локално невреме

18/05/2026 18:40

До крајот на оваа седмица во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, утре, во петок и за време на викендот се очекуваат поинтензивни временски процеси.

На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се очекува и пообилен дожд, со над 20 литри на метар квадратен.

Во одделни делови од земјата можно е краткотрајно невреме, проследено со силен ветер кој ќе достигнува и над 70 километри на час.

Од УХМР информираат дека од среда, па и во следните денови, ќе дува засилен северен ветер, со брзина и над 50 километри на час.

И во Скопје во наредните денови времето ќе биде променливо, со сончеви периоди во текот на денот.

Во попладневните часови, во делови од котлината, ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

error: Содржината е заштитена од копирање !!