MKinformer

your daily dose of news

Во кондура сакал да прошверцува плочка злато вредна 100.000 евра

19/05/2026 16:57

Царинските служби откриле обид за криумчарење злато кај патник во автобус што сообраќал на релација Гостивар–Истанбул.

Случајот бил откриен откако автобусот бил издвоен за контрола. Поради основани сомневања, била извршена детална проверка на еден патник, македонски државјанин.

При претресот, во едниот негов чевел била пронајдена златна плочка тешка 848 грама. Таа била обвиткана во бела хартија.

Вредноста според моменталната вредност на златото од 125 евра по грам се проценува на 100.000 евра.

Според информациите, лицето со умисла за криумчарење ја чувало плочката во сакото, а непосредно пред контролата ја сокрило во чевелот.

Против сторителот, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднело кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Пријавата е за кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик.

Од Царинската управа велат дека продолжуваат со активности за спречување на нелегална трговија и криумчарење вредна стока, со цел заштита на легалните трговски текови и економските интереси на државата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!