MKinformer

your daily dose of news

Во чанта криела злато вредно 1,3 милиони денари

23/07/2026 11:12

Царината спречи криумчарење златен накит вреден 1,3 милиони денари на Табановце

Царинските службеници на граничниот премин Табановце спречија обид за криумчарење 348 грама златен накит, чија вредност е проценета на околу 1,3 милиони денари. Против македонска државјанка е поднесена кривична пријава за криумчарење.

Накитот бил скриен во чанта

Од Царинската управа информираат дека случајот бил откриен при детална контрола на автомобил кој влегувал во државата.

Во возилото патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија, а при прегледот на багажот, во чантата на сопатничката биле пронајдени 26 парчиња златен накит со вкупна тежина од 348 грама.

Поднесена кривична пријава

Случајот е преземен од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги.

„Против неа, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик“, соопштија од Царинската управа.

Годинава откриени 13 случаи на криумчарење злато

Од Царинската управа посочуваат дека ова е само еден од низата случаи регистрирани годинава.

Според нивните податоци, досега се откриени 13 случаи на криумчарење злато, при што се запленети повеќе од 2,5 килограми златен накит и златни монети.

error: Содржината е заштитена од копирање !!