Поранешна мисица повторно уапсена во полициска станица
21/05/2026 14:14
Повторно уапсена: Поранешната мисица Јулија Ѓорѓиевска го попречувала заловувањето на добиток
Поранешната македонска мисица Јулија Ѓорѓиевска повторно заврши во полициска станица. Таа е лишена од слобода откако, според МВР, се обидела да ја попречи акцијата за заплена на крупен добиток во кривопаланечко.
Приведена на „Калин камен“
Како што соопштија од МВР, полициски службеници од ОВР Крива Паланка на 20.05.2026 година во 13:25 часот ја лишиле од слобода Ј.Ѓ. (28) од Крива Паланка.
Апсењето уследило по претходна пријава дека кај местото викано „Калин камен“ таа спречувала вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство при заловување на крупен добиток.
Ќе следува соодветна пријава
Јулија Ѓорѓиевска била приведена во полициска станица. Оттаму велат дека по целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава.
Нејзиното име не е прв пат поврзано со вакви инциденти
Ова не е прв пат поранешната мисица да се најде во ваква ситуација. Таа и нејзините поблиски членови на семејството и претходно беа приведувани поради крави кој слободно шетаа во Крива Паланка и околината.
Освен таткото приведни сестрата и „мисицата“ на кравите од Крива Паланка






