MKinformer

your daily dose of news

Во Општина Ѓорче Петров отворен центар за поддршка и грижа за децата и младите со попреченост

21/05/2026 20:38

Во Ѓорче Петров денеска свечено беше отворен Центарот за дневен престој и индивидуален третман „Во мојот свет“, проект наменет за обезбедување грижа, поддршка и подобри услови за децата и младите со попреченост.

На отворањето присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а беше истакнато дека станува збор за значаен чекор кон поголема инклузија, еднакви можности и подостоинствен живот за сите граѓани.

Со отворањето на центарот, како што беше посочено, се создава простор за стручна поддршка, индивидуален третман и дневен престој, со што директно се придонесува кон изградба на похумано и посолидарно општество.

Во обраќањето беше упатена благодарност до здружението „Во мојот свет“, како и до сите поддржувачи, донатори и хумани луѓе кои помогнале во реализацијата на овој проект.

Од организаторите порачаа дека и во иднина ќе продолжат со активности насочени кон создавање заедница во која секое дете ќе има еднаква шанса, соодветна грижа и потребна поддршка за достоинствен и квалитетен живот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!