MKinformer

your daily dose of news

Европските дипломати остануваат во Киев: ЕУ го игнорира предупредувањето од Русија

26/05/2026 16:39

Европската Унија порача дека нејзините дипломати ќе останат во Киев и покрај руските предупредувања за нови систематски напади врз украинската престолнина.

Портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер, изјави дека ЕУ нема намера да се повлече и дека ќе продолжи со своето присуство и работа во украинскиот главен град.

Брисел: Русија сака страв, но нема да успее

Хипер оцени дека руските закани се знак на очај.

„Русија сака да предизвика страв и изолација, но тоа нема да успее“, порача таа на прес-конференција во Брисел.

Според неа, Москва, со оглед на состојбите на фронтот, сè почесто се насочува кон напади врз цивили и цивилна инфраструктура.

Погодено и седиштето на мисијата на ЕУ

Од Европската Унија посочија дека во нападите било погодено и седиштето на цивилната мисија на ЕУ во Киев.

Хипер тоа го оцени како непромислен напад, со што Брисел дополнително ја засили реториката кон Москва.

Руски дипломат повикан на разговор

Поради најновите случувања, Европската Унија повикала руски дипломат на разговор.

Од Брисел велат дека последните потези на Москва покажуваат дека Русија воопшто не е заинтересирана за мир и дека не ги почитува мировните напори.

Ќе продолжи помошта за Украина

Европската Унија најави дека ќе продолжи со поддршката за Украина.

Тоа вклучува дополнителна противвоздушна одбрана, како и финансиска помош, во време кога нападите врз Киев и други украински градови повторно се засилуваат.

Претходно, Русија ги повика жителите на Киев, како и дипломатите и вработените во меѓународните организации, што поскоро да го напуштат градот поради најавени напади врз објекти поврзани со украинската воена индустрија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!