Уставен суд ја укина одлуката со која плоштадот во Тетово беше преименуван во „Илирија“
17/06/2026 18:02
Плоштадот во Тетово беше дел од одлуката од 2007 година за преименување на повеќе улици и на градскиот плоштад, која денеска ја укина Уставниот суд.
Одлуката е донесена со мнозинство гласови на уставните судии.
Советот немал согласност од Владата
Уставниот суд пред неколку месеци поведе постапка со образложение дека тогашниот Совет на Општина Тетово не добил согласност од Владата.
Таква согласност, според Судот, била предвидена со Законот за определување имиња на улици, плоштади и други инфраструктурни објекти.
Плоштадот беше преименуван од „Маршал Тито“ во „Илирија“
Како резултат на тогашната одлука на советниците, градскиот плоштад во Тетово од „Маршал Тито“ беше преименуван во „Илирија“.
Со истата одлука беа сменети и имињата на повеќе улици, меѓу кои „Радован Цониќ“, „Иво Рибар Лола“ и „29 Ноември“.
Иницијативата ја поднел Сојузот на борците
Иницијативата пред Уставниот суд ја поднел Сојузот на борците на НОБ и граѓани продолжувачи од Тетово.





