MKinformer

your daily dose of news

Драма во Велес: 18-годишник ја држел партнерката против нејзина волја

24/06/2026 16:35

Уапсен 18-годишник во Велес, ја држел партнерката заклучена и ѝ се заканувал

Утрово во 03:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода К.Ш.(18) од Велес, постапувајќи по пријава дека ја држел во неговиот дом неговата 18-годишна партнерка од село во виничко, ѝ се заканувал и не ѝ дозволувал да го напушти домот.

Пријава и брза полициска интервенција

Полицијата веднаш по пријавата излегла на терен и го уапсила осомничениот, ослободувајќи ја девојката од просторијата во која била заклучена. За случајот известени се јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес.

Следува пријава

По целосно документирање на случајот, против К.Ш. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!