MKinformer

your daily dose of news

Лажен лекар од Италија, налетал на погрешна баба

25/06/2026 11:11

Скопјанец приведен во Крива Паланка за обид за измама од 35 илјади евра

Четириесет и петгодишен скопјанец вчера бил приведен во Крива Паланка откако се обидел да измами повозрасна жена барајќи ѝ сума од 35 илјади евра, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Лажен лекар од Италија

Н.Д. (45) ѝ се јавил телефонски на жената и се претставил како лекар од Италија, велејќи дека нејзината ќерка паднала во Италија и се здобила со повеќе скршеници на ногата и вилицата. За да ѝ биде извршена операција, тој побарал 35 илјади евра.

Жената се договорила да ги даде парите што ги има дома

Жената, бидејќи немала толку средства, се договорила да му ги даде сите пари што ги има дома. Во меѓувреме, таа се јавила на својот зет, кој ја советувал да ја извести полицијата.

Полициска интервенција

Откако жената ја пријавила работата, полициски службеници го затекнале лицето во близина на нејзиниот дом и го лишиле од слобода.

Следува пријава

Од МВР велат дека тој е задржан во полициска станица и дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!