MKinformer

your daily dose of news

Мајка од струшко село ги оставала двете малолетни деца да спијат во автомобил додека била на работа

28/06/2026 10:26
фотоилустрација

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 42-годишна жена од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“.

Според информациите од полицијата, пријавената во вечерните часови на 8 кон 9 јуни 2026 година ги оставала своите две малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа.

Во координација со јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и го лоцирале паркираното возило.

Возилото било затекнато на земјен паркинг на улицата „Владо Малески“ во Струга, каде што полициските службеници ги пронашле децата како спијат.

Од полицијата информираат дека против жената е поднесена кривична пријава по член 201, став 1 од Кривичниот законик.

error: Содржината е заштитена од копирање !!