MKinformer

your daily dose of news

Делови од Кисела Вода и Карпош денеска ќе останат без струја

29/06/2026 8:40

Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, 29 јуни, делови од општините Кисела Вода и Карпош ќе останат без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија.

Во општина Кисела Вода, од 05:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улиците „Герника“, броевите 8 и 10, како и „Иван Хаџиниколов“, броевите 3 и 5, во населбата Драчево.

Во општина Карпош, од 09:00 до 13:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има на улицата „Вангел Дину“ и на дел од непарните броеви на улицата „Франц Прешерн“ во населбата Влае.

Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности согласно најавените прекини.

error: Содржината е заштитена од копирање !!