MKinformer

your daily dose of news

Сообраќајка го отежна пристапот до Скопскиот аеродром, возачите се пренасочуваат

29/06/2026 9:07

Поради сообраќајна незгода на главниот приод кон терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје, во моментов е изменет режимот на сообраќај.

Станува збор за приодот од правецот на Скопје кон аеродромот.

Од ТАВ Македонија информираат дека сите возила се пренасочуваат по алтернативен правец.

До патниците и посетителите е упатен апел да го користат излезот што води кон стариот влез на аеродромот, односно кон старата аеродромска зграда.

Патниците кои имаат летови се советуваат навреме да тргнат кон аеродромот и да ја следат поставената сообраќајна сигнализација.

error: Содржината е заштитена од копирање !!