ТАВ Македонија со важно известување: Поради градежни работи можни застои на безбедносната проверка на скопскиот аеродром
22/05/2026 8:46
ТАВ Македонија информира дека од вчера, 21 мај 2026 година, започнале градежни активности на пунктот за безбедносна проверка во терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје.
Поради работите, од аеродромот предупредуваат дека во наредниот период се можни привремени ограничувања и побавен проток на патници при безбедносната проверка.
Од ТАВ Македонија апелираат сите патници навреме да пристигнуваат на аеродромот, односно најмалку два часа пред закажаното време на полетување.
Целта на оваа препорака е да се избегнат евентуални доцнења и непотребен стрес поради можните задржувања во терминалот.
Од аеродромот им се заблагодаруваат на патниците за трпението и разбирањето додека траат градежните активности.






