MKinformer

your daily dose of news

Денеска променливо облачно со дожд, грмежи, силен ветер и можност за град

03/07/2026 6:54

Променливо облачно време со сончеви периоди најавува за денеска Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне се очекува локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни, со пообилен пороен дожд над 15 литри на квадратен метар, грмежи, засилен ветер над 60 километри на час и можност за град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 22 до 34 степени.

Во Скопје до 30 степени

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Утринската температура ќе се спушти до 16 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 30 степени.

Од утре стабилно и претежно сончево

До средината на следната работна седмица следува период на стабилно и претежно сончево време.

Во сабота ќе дува засилен до силен северен ветер, а во следните денови умерен до засилен ветер од северен правец.

error: Содржината е заштитена од копирање !!