MKinformer

your daily dose of news

Со пиштол им се заканувале на 19-годишник, неговиот брат и другар на Бит Пазар

03/07/2026 14:41

Две лица, од кои едното било вооружено со пиштол, синоќа им се заканувале на 19-годишен скопјанец, неговиот брат и негов другар на подрачјето на Бит Пазар.

Според информациите од полицискиот билтен, случајот бил пријавен синоќа во 23:00 часот во СВР Скопје.

В.К. од Скопје, на возраст од 19 години, пријавил дека околу 20:30 часот бил на подрачјето на Бит Пазар заедно со неговиот брат и другар, со цел да се видат со друго лице.

Едно од лицата им се заканувало со пиштол

Според пријавата, на местото дошол А.Б. со уште едно лице, при што едното од нив со огнено оружје, односно пиштол, им упатувало закани.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!