Закани со пиштол на скопски Бит Пазар
03/07/2026 20:28
Закани со пиштол на Бит Пазар: 19-годишен скопјанец пријавил закани од А.Б.
Момчето било со брат и другар кога А.Б. со уште едно лице им се заканувал со огнено оружје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Инцидент на Бит Пазар
Деветнаесетгодишен скопјанец пријавил во полиција дека нему, на неговиот брат и на нивен другар им биле упатувани закани со пиштол на подрачјето на Бит Пазар, информираат од Министерството за внатрешни работи .
Според пријавата, на 2 јули 2026 година, околу 20:30 часот, додека В.К.(19) бил со својот брат и другар со цел да се сретнат со друго лице, дошол А.Б. со уште едно лице и со огнено оружје, пиштол им упатувал закани .
Пријавата во СВР Скопје е поднесена во 23:00 часот истиот ден .



![Ноќеска уапсен скопјанец во Кисела Вода пукал кон сопругата и им се заканувал на своите три ќерки semejno-nasilstvo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/semejno-nasilstvo1.jpg)
