Овие корисници денеска ќе останат без струја
20/07/2026 7:36
ЕВН најави прекин на електричната енергија во дел од Карпош
Без струја утрово ќе останат корисниците кај Природнонаучниот музеј и Тобако кај Зоолошката градина
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска дел од корисниците на Општина Карпош привремено ќе останат без електрична енергија поради планирани активности на електродистрибутивната мрежа.
Прекинот ќе трае еден час
Според најавата на ЕВН, прекинот во снабдувањето со електрична енергија е предвиден во периодот од 09:00 до 10:00 часот.
„Во периодот од 09:00 до 10:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на Природнонаучниот музеј и Тобако кај Зоолошката градина“, информираат од ЕВН Македонија.
Од компанијата апелираат граѓаните и правните субјекти навреме да ги планираат своите активности согласно најавениот прекин.




