MKinformer

your daily dose of news

Трамп среде патување го сменил авионот

26/07/2026 20:32

„Њујорк тајмс“: Тајните служби го предупредиле Трамп, среде патување го сменил претседателскиот авион

Промената следувала по безбедносно предупредување

Американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на јуни го сменил претседателскиот авион со кој патувал поради иранска закана, објавува „Њујорк тајмс“. Според весникот, одлуката била донесена по предупредување од тајните служби додека Трамп учествувал на самитот на НАТО во Анкара.

Според тврдењата на анонимни извори, Трамп првично пристигнал во турската престолнина со нов „Боинг 747-8“, подарок од Катар, кој, како што се наведува, не ги поседувал напредните одбранбени капацитети на постариот „Ер Форс Уан“.

Стариот авион го користел за напуштање на Турција

По добиеното предупредување, Трамп го сменил авионот и ја напуштил Турција со постариот „Ер Форс Уан“.

Според „Њујорк тајмс“, Трамп јавно објаснил дека промената е направена за американските војници во Велика Британија да имаат можност да го видат новиот авион. Откако пристигнал во Обединетото Кралство, повторно се качил на новиот претседателски авион и со него го продолжил летот кон Вашингтон.

Отворена истрага за протекување информации

Весникот потсетува дека претходно објавил информации според кои постоеле сомнежи за безбедносните капацитети на авионот што му бил подарен на Трамп.

По тие написи, властите започнале истрага за протекување информации, при што побарале сведочење од повеќе новинари пред порота и доставување список на телефонски повици кон нив и членовите на нивните семејства.

Трамп: Авионот ќе биде целосно опремен

Минатиот викенд Трамп изјавил дека на новиот авион му недостасуваат дел од карактеристиките што ги имаат постарите претседателски модели на „Боинг“.

Одговарајќи на новинарско прашање за недостатокот на противракетна одбрана, тој рекол дека катарскиот авион наскоро ќе биде „целосно опремен“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!