Четири пожари сè уште активни во Македонија, 18 се изгаснати
17/08/2026 10:44
Во изминатото деноноќие во Македонија се регистрирани 25 пожари на отворен простор, од кои четири сè уште се активни. Три пожари се под контрола, а 18 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.
Меѓу активните жаришта е пожарот на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер во Општина Студеничани. Таму е зафатена мешана шума.
Активни пожари во повеќе општини
Активен е и пожарот кај Видуш, Драгов Дол и Локвица во Општина Македонски Брод.
На ова подрачје гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.
Огнот сè уште е активен и кај селото С’лп во Велешко. Пожарот се шири кон Карабуњиште, Добрино и Тисовица во Општина Зелениково.
Активно е и жариштето кај Копанце и Туденце во Општина Јегуновце. Огнот се проширува во правец на Бојане во Општина Сарај.
Три пожари под контрола
Под контрола се двата пожара во Крушевско, на потезите Алданци – Норово и Борино – Житоше.
Контролиран е и пожарот на депонијата во Кратово.
Според последниот пресек на ЦУК, најголемиот дел од пожарите се изгаснати. Од вкупно 25 регистрирани, 18 се целосно локализирани и изгаснати.
Надлежните служби и понатаму ја следат состојбата на терен, каде четири пожари сè уште се активни.




![Состојба со пожарите за 24/25.07.2025 до 08:00 часот, активни 7 пожари pozarnikari-obuka[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/pozarnikari-obuka1.jpg)
