MKinformer

your daily dose of news

(Видео)Драма во ТЦ „Галерија“ во Белград: Повредени 10 деца на ескалатор, седум со тешки трауми

17/11/2026 18:20

Повредени деца во ТЦ „Галерија“ во Белград се пренесени во Ургентниот центар откако попладнево дошло до сериозен инцидент на подвижните скали во трговскиот центар.

Според последните информации од Итната помош, повредени се вкупно 10 деца – пет девојчиња и пет момчиња на возраст од осум и девет години.

Кај седум од нив првично се констатирани тешки трауми, додека три деца имаат полесни повреди. Сите се пренесени на понатамошни прегледи во Ургентниот центар.

Пет екипи на Итната помош интервенирале на местото

Повикот до Итната помош бил примен околу 14:33 часот, по што на местото биле испратени пет медицински екипи.

Инцидентот се случил околу 14:35 часот, кога повеќе деца паднале на подвижните скали во трговскиот центар.

Првичните информации од очевидци говореа за повеќе од 15 деца, но подоцна Итната помош официјално потврди дека медицински се згрижени и транспортирани 10 деца.

Сè уште не е познато што точно се случило

Точната причина за инцидентот сè уште се утврдува.

Во медиумите се појавија повеќе различни сведоштва. Според една верзија, косата на едно девојче се заплеткала во механизмот на подвижните скали.

Според друга верзија, едно од децата се сопнало поради заглавена врвка од обувка, по што дошло до верижен пад на останатите деца кои се наоѓале зад него. Ниту една од овие верзии засега не е официјално потврдена.

РТС објави дека надлежните сè уште ги утврдуваат околностите под кои дошло до несреќата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MK!nformer (@mkinformer)

Децата биле на организирана посета

Според информации што се појавија во српските медиуми и на социјалните мрежи, групата деца била на организирана посета на трговскиот центар.

Родители преку социјалните мрежи објавиле дека чекале информации за своите деца кои биле на екскурзија во „Галерија“.

Надлежните служби продолжуваат да ги утврдуваат сите детали за повредените деца во ТЦ „Галерија“, како и точната причина за падот на подвижните скали.

error: Содржината е заштитена од копирање !!