MKinformer

your daily dose of news

Сопственикот на Амазон заработил 7.2 милијарди долари во 2020 од продажба на акции

06/08/2020 11:31

Извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос, неделава продаде акции во компанијата вредни повеќе од 3,1 милијарди долари, според извештајот до Комисијата за хартии од вредност.

Претходно оваа година, Безос продаде акции во вредност од над 4,1 милијарди долари во компанијата.

Продажбата оваа недела ја зголемува вкупната сума заработена со продажба на акции во 2020 година на нешто повеќе од 7,2 милијарди долари.

Тој и понатаму поседува повеќе од 54 милиони акции, вредни околу 170 милијарди долари, што го прави најбогатиот човек на светот.

Минатата недела „Амазон“ објави резултати за вториот квартал, кои ги надминаа очекувањата на аналитичарите, откако пандемијата на коронавирус поттикна Интернет шопинг, пренесува Biznisinfo.

Акциите на Амазон пораснаа за 73 отсто оваа година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Содржината е заштитена од копирање !!