Америка и Германија реагираа на законот за ОВК кој Косово планира да го усвои
07/08/2020 15:25Откако амбасадорот на САД во Приштина Филип Коснет изнесе сериозни критики на сметка на законот кој Приштина планира да го усвои, а кој ја велича „ослободителната борба“ на терористичката ОВК, тоа го направија и други дипломатски претставници.

Тој закон, доколку биде усвоен, практично воведува вербален деликт меѓу граѓаните на Косово, денеска е на дневен ред на косовското собрание.
– Во демократското општество не би било добро да ги гуши расправите ограничувајќи ги со кривичен закон, наведе германскиот амбасадор Јорн Роде.
Швајцарската амбасада во соопштението изрази загриженост дека законот би можел да ја поткопа слободата на изразување, и ги повика косовските лидери да пронајдат други начини за да покажат почитување кон ОВК.






