MKinformer

your daily dose of news

Поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од Мицкоски и вонреден конгрес

21/08/2020 13:11

Ивица Коневски, Филип Петровски, Петре Латиновски, Лука Кржалоски и уште неколку десетици поранешни функционери и членови на партиските тела во ВМРО-ДПМНЕ побараа вонреден партиски конкрес и оставка од лидерот на партијата Христијан Мицкоски и актуелното раководство. Тие сметаат дека е време за промени.

„Го повикуваме Мицкоски да го послуша апелот на членството. Ако не го стори тоа, ние како Иницијативен одбор ќе преземеме чекори за закажување вонреден конгрес“, рече Весна Дамчевска – Илиевска, член на Извршниот комитет на Унијата на жени.

Актуелниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски им предложи на членовите на партијата да влезат во седиштето на состанок со раководството на партијата, но тие одбија.

Арсовски вчера рече дека би било кукавички чин Мицкоски сега да поднесе оставка од функцијата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!