MKinformer

your daily dose of news

ПАПАГАЛ МУ ГО СПАСИЛ ЖИВОТОТ НА СОПСТВЕНИКОТ ПРИ ПОЖАР ВО КУЌА

04/11/2020 12:54

Маж од Австралија тврди дека успеал да го преживее пожарот кој избил во неговиот дом затоа што бил разбуден од неговиот папагал.

Антон Нујен спиел во својата двокатна куќа во Бризбејн, кога ја зафатило пожар. Тој тврди дека го разбудил неговиот папагал Ерик, кога почувствувал чад во куќата.

Потоа тој го зел папагалот, отворил врата и погледнал кон задниот дел од куќата, каде видел дека има оган, и истрчал надвор.

Додека стигнале пожарникарите, пожарот ја зафатил целата куќа.

Пожарот е изгасен за еден час, а во акцијата учествувале четири противпожарни екипи.

Антон Нујен живее сам. Тој тврди дека од куќата излегол со папагалот и една торба и тврди дека не е повреден.

Папагалот својот сопственик го довикувал по име пред да се вклучат детекторите за чад.

Причината за пожарот се уште не е позната а истрагата е во тек.

Видеото можете да го погледнете тука.

error: Содржината е заштитена од копирање !!