MKinformer

your daily dose of news

И кумановскиот градоначалник од СДСМ со потсетник за Заев

26/11/2020 9:15

На лавината рекации по скандалозното интревју на премиерот Зоран Заев за БГНЕС се приклучи и градоначалникот на Кумонаво, Максим Димитриевски.

Тој на совојата Фејсбук страна ги потенцираше фактите околу Гоце Делчев и дека бугарите сепак биле на фaшиcтичkaта страна во втората светска вojна.
1. Гоце Делчев е темелот и душата на нашата државност. Македонец со јасна визија за самостојна Македонија.

2. Секој јазик е суштината за постоење на еден народ. Македонскиот јазик ниту бил ниту ќе биде дијалект, има своја посебност и кодификација, признаен, потврден и верификуван во светот.

3. Македонија беше okyпирана и поделена во втората светска вojна од фаш истичка Германија, Бугарија и Италија. Македонскиот народ и партизаните се кренаа на вocтание и во коалиција со антифaшиcтите извojyваа победа над okyпатopoт.
Куманово е ослободено на 11ти Ноември (Сабота) 1944 година од страна на 17та и 18та Македонска партизанска бригада. Куманово во НОБ даде над осумстотини партизански жр тви и двојно повеќе цивили (наведени во спомен зборникот 1941 – 45).
Одлуките на АСНОМ и АВНОЈ ја потврдија државноста на Македонија а ние како рамноправен народ за прв пат добивме можност да формираме своја сопствена држава во рамки на Титовата федерацијата од која подоцна произлезе независна и суверена Македонија.

4. Македонскиот народ и држава има сопствена историја која е дел од светската историографија, заедно чествуваме и одбележуваме заеднички настани и личности со сите пријатели но само со взаемно почитување и уважување.

– Сите обиди да се изместат фактите се само една реприза од минатото која се повторува на балканот, како и да е фактите остануваат и не се менливи.

Влеговме во НАТО, чекориме кон ЕУ, таму е нашето место, само како достоинствени Македонци со своја сопствена генеза., напиша Димитревски

error: Содржината е заштитена од копирање !!